Трагедија на Алпите: Снежна лавина затрупа 10 ученици

Снежна лавина вчера затрупа група од десет средношколци од Лион и нивниот инструктор на скијачките патеки на француските Алпи.

Најмалку двајца ученици се загинати.

Според првичните информации загинал и еден турист од Украина кој не бил дел од групата.

Британски Гардијан пишува дека починал 14 годишен средношколец и уште еден негов школски другар. Четворица се тешко повредени и пренесени во болница, но и нивниот инструктор кој е пронајден без свест.

Тројца повредени извлечени биле со прекин во работата на срцето, изјавиле спасувачките тимови. За петмина ученици со часови не се знаело каде се, но подоцна биле лоцирани и спасени. Во лавината настрадал и скијач од Украина, но според локалните медиуми, тој не бил дел од групата.

-Извесно е дека сите деца од екскурзијата се пронајдени, но потрагата продолжува за да се утврди дали евентуално има и други жртви, надвор од групата средношколци, изјавиле официјалните лица.

Во потрагата вклучени се околу 100 спасувачи, 3 хеликоптери, како и полицијата со кучиња трагачи и горската служба на спасување.

Иако се уште официјално не е потврдено, медиумите пишуваат дека децата се наоѓале на патека која била затворена за скијање проради висок степен на ризик од 3 до 5 единици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.