сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Дејвид Боуви и Иман – љубов без скандали и интриги

Веројатно мислите дека бракот меѓу рок ѕвезда и супермодел е една од најдобрите работи на светот. Вистина е, изјавил легендарниот Боуви.

Дејвид Боуви и Иман - љубов без скандали и интриги

Дејвид Боуви и Иман - љубов без скандали и интриги

Поврзани вести

Два дена пред смртта на Дејвид Боуви, неговата сопруга Иман на социјалните мрежи објави „Понекогаш не можете да ја сфатите вистинската вредност на моментот, додека тоа не стане сеќавање“. Тој ден нејзиниот сопруг го славел 69. роденден, а кога се објави веста за неговата смрт, стана јасно дека Иман на тој начин се збогува од љубовта на својот живот.

Дејвид и Иман првпат официјално се запознале на една забава во Лос Анџелес во октомври 1990 година, преку заеднички пријател, Теди Антони, кој и на двајцата им бил фризер. Интересно е тоа што претходно се среќавале во минување, манекенката неколку пати му била на концерт, но секогаш ги одбивала повиците за дружење зад сцената. Боуви, подоцна раскажал дека за него тоа било љубов на прв поглед.

imannnnss

Таа ноќ кога се запознавме, веќе размислував какви имиња ќе им ставиме на нашите деца, кажал Боуви.

Од друга страна, Иман се двоумела дали да и се препушти на романсата со Боуви.

Не сакав да се впуштам во врска со рок ѕвезда. Тоа за мене не беше нормално, но Дејвид ме натера да го сменам мислењето. Ме маѓепса. Не бев подготвена за врска. Дефинитивно не сакав да бидам во врска со некој како него. Но, секогаш велев, се вљубив во Дејвид Џонс (неговото вистинско име). Боуви е само сценска личност. Тој е пејач и забавувач, а Дејвид Џонс е човекот кој го запознав, вели Иман.

iman-et-david-bowie_theredlist2

iman-et-david-bowie_theredlist

Иман раскажува дека знаелела дека тој е човекот со кој сака да го помине животот само две недели по првата средба, кога ја пречекал на аеродромот во Лос Анџелес.

Вратата се отвори. Видов луѓе како некој фтографираат. А тој стоеше таму, со цвеќе во раката. Без телохранители. Тогаш знаев. Не му беше грижа шт други ќе го видат.

Дејвид ја побарал за жена на романтично крстарење. Ангажирал готвач кој подготвил богата вечера, како и пијанист кој го придружувал пејачот додека и пеел на манекенката. Се венчале во 1992 година во Швајцарија, а во 2000 година ја добиле ќерката Александрија захра Џонс.

imannnn

Во текот на 23 годишниот брак, успеале да им одолеат на сите притисоци и својата љубов да ја сочуваат од скандали и интриги.

Веројатно мислите дека бракот меѓу рок ѕвезда и супермодел е една од најдобрите работи на светот. Вистина е, изјавил легендарниот Боуви.

iman

Најчитани вести