ВИДЕО: Огромна паника во опозицијата – СОРОС го моли Хан да се одложат изборите

Десетици т.н. граѓански органзиации од кои најголем дел под капата на СОРОС денеска побараа од Хан да се одложат изборите, објавува порталот „Прес24“.

– Потсетуваме дека целосното спроведување на Договорот од Пржино треба да означи крај на најдлабоката политичка криза во државата од 2001 година наваму и да резултира со одржување фер, слободни и демократски избори. Ние граѓанските организации бараме од ЕУ, САД и другите домашни и странски фактори вклучени во решавањето на кризата да ги уважат нашите аргументи и да ги одложат предвремените парламентарни избори се додека не бидат исполнети точките од договорот во Пржино и од итните реформски приоритети кои се однесуваат на изборите. Нашата единствена цел е овозможување фер и вистинска атмосфера во која што ќе веруваат граѓаните и ќе ја препознаат како можност за артикулација на својата волја за политички избор“, објавува „Прес24“ изјава на Фани Каранифлова- Пановска, извршна директорка на ФООМ.