петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Продолжен рокот за легализирање дивоградби

misajlovski

Последни вести

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски денеска истакна дека се продолжува рокот за легализација на бесправно изградени објекти.

Сите оние граѓани кои немаат доставено барање за легализации на дивоградби ќе можат да го направат до 31. март 2016. година. Станува збор за дивоградби кои биле изградени до 3. март 2011. година

Процесот на легализација добро тече изминативе години. Досега имаме повеќе од 140.000 решенија за легализација, повеќе од 46.000 имаме во Скопје, а во општина Илинден која е една од најдобрите општини во Р. Македонија по бројот на издадени решенија за дивоградби повеќе од 75 % веќе го имаат завршено овој процес, рече министерот.

Најчитани вести