среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Без струја дел од Илинден, Центар, Чаир и Ѓорче Петров

без струја

Поврзани вести

Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од општините Илинден, Центар, Чаир и Ѓорче Петров, информираат од РЦУК Скопје.

Од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Мршевци, како и корисниците од село Бујковци и Телеком во општина Илинден.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците„Диме Аницин“, „Роза Луксембург“, „Васил Антевски“ и „9-ти Мај“ во општина Центар.

Во соопштението од РЦУК Скопје е наведено дека од 09:00 до 14:30 часот безелектрична енергија ќе бидат корисниците од реонот на Саат Кула во општина Чаир, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Загребска“ во општина Центар, а од 11:00 до 13:00 часот дел од корисниците од улиците: 89, 91, 100 и 101 во село Волково, општина Ѓорче Петров.

Најчитани вести