вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 58

Ѓоковиќ, Федерер и Бердих од едната, Мареј, Вавринка и Надал од другата страна на АО

Најтрофејните тенисери на Австралија Опен во модерната ера Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер повторно би можеле да се сретнат на првиот Гренд слем во сезоната ако стигнат до полуфиналето.

australian-open-2016

Поврзани вести

Ноќешната ждрепка ги стави на иста страна двајцата најдобри тенисери на денешнината (иако Федерер е на третото место на АТП листата), па нивниот евентуален дуел би одлучувал за финалистот на Австралија Опен.

Ѓоковиќ ја почнува одбраната на петтата титула со корејскиот тенисер Кјеон Чунг, додека прв противник на Федерер е Николоз Басилашвили од Грузија. На истата страна со двајцата големи ривали се уште Григор Димитров, Томаш Бердих, Марин Чилиќ, Жо-Вилфирд Цонга и Ник Кирјос.

На другата страна од ждрепката се Енди Мареј и Рафаел Надал чиј дуел, исто така, е можен во полуфиналето. Меѓу нив е и Стен Вавринка кој во четвртфиналето може да се сретне со Рафаел Надал што би било реприза од финалето во 2014 година кога триумфираше Швајцарецот, па затоа никој не би смеел да го потцени и исфрли од конкуренција.

Надал почнува против својот сонародник Фернандо Вердаско, Мареј со Александер Зверев од Германија, а Вавринка со рускиот тенисер Дмитри Турсунов.

Најчитани вести