ВИДЕО: Ја запросил 148 пати, а таа не забележала

Романтичниот Реј Смит поминал пет месеци во креирање на фотографии на кои има тајна порака за неговата девојка.

На речиси 150 селфи фотографии се наоѓа по една скриена порака со прашањето “Сакаш ли да се омажиш за мене“?.

Неговата бремена девојка Клер Бремли не била свесна за запросувањето.

Така тој своите фотографии ги ставил на екранот од ултразвукот кај гинекологот и тоа на 25. декември.

Тогаш клекнал на колена и Клер единствено што можела да каже е “ДА“.