Трајановски на средба со делегација од Варшава

Трајановски на средба со делегација од Варшава
Трајановски на средба со делегација од Варшава

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска оствари средба со делегација од Град Варшава, составена од заменик-директорот на Бирото за култура на Град Варшава, Малгожата Наимска, директор на Домот на средби со историја на Град Варшава, Пиотр Јакубовски и амдасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Јацек Стефан Мултановски.

На средбата се дискутираше за изложбата „Феникс од пепелта – Уништувањето и обновата на Варшава 1939-1955“ која ќе биде отворена денеска во 19 часот во Музејот на Град Скопје.

Организирањето на изложбата „Феникс од пепелта – Уништувањето и обновата на Варшава 1939-1955“  е резултат на одличната соработка помеѓу Амбасадата на Република Полска во Македонија и Музејот на Град Скопје. На денешната средба дискутиравме за досегашната соработка помеѓу Скопје и Варшава и како истата да ја продолжиме и продлабочиме. Се договоривме наредниов период да ја  продолжиме  соработката во вид на размена на уметници и историчари од двата града – кажа градоначалникот Трајановски.

Sredba delegacija Varsava (2)

Изложбата „Феникс од пепелта – Уништувањето и обновата на Варшава 1939-1955“ содржи 36 паноа на кои што преку документарни фотографии и текст можеме да ја проследиме историјата на градот Варшава низ следниве периоди: Предвоен период (до 1939 година), Воен период (1940-1945), Период на Бирото за обнова на Варшава и Социјалистичкиот период (повоена Варшава до 1955 година). Изложбата завршува со една прекрасна панорама на Варшава денес. Посетителите ќе имаат можност на изложбата да проследат и документарен филм кој визуелно не запознава со содржината на изложбата. Преку подвижните слики, посетителите ќе можат одблизу да ја доживеат историјата на Варшава во едно драматично историско време за градот кој од пепелта на безмилосната војна, се издигнал како Феникс.

Трајановски на средба со делегација од Варшава
Трајановски на средба со делегација од Варшава

Изложбата во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена до 5 февруари.