Катица Јанева го заштити Заев и си потпиша кривична

Катица Јанева преку денешното соопштение исто како и Зоран Заев призна дека го прекршила законот и не направила записник за предадени прислушкувани разговори.

Нејзиното образложение е дека тоа што не составила записник не значи прекршување на законот е всушност признание дека Јанева ги изигрува македонските закони и истите за неа важат. Со нејзините тврдења не се согласуваат речиси сите обвинители, но и Советот на јавни обвинители, кој е единствено тело задолжено да ја контролира нејзината работа.

-Појаснуваме дека се работи за материјал предаден на барање на јавниот обвинител, чија содржина е од сензитивен карактер и како таква подлежи на дополнителни проверки, класификација и постапување, а имајќи ги предвид законските одредби со кои се регулира класификацијата на информациите и заштитата на приватноста.  Поради сето наведено, во овој момент не сме во можност да соопштиме повеќе податоци за примените материјали, но ја уверуваме јавноста дека ќе биде информирана за сите детали поврзани за примените материјали во моментот кога нема да постојат законски пречки за такво постапување“ – стои во соопштението на Јанева.

Од разрешување од функцијата јавен обвинител поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, па до елементи за злоупотреба на службена положба и овластување, за која следува казна затвор од шест месеци до три години.

Ова го предвидуваат Законот за јавното обвинителство и Kривичниот законик за суштинска и битна повреда на Законот за кривичната постапка, како што е несоставувањето записник од специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева при предавањето на материјалите од незаконско прислушување од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев, пишува денешен Дневник.

Потврда за ваквите можности „Дневник“ доби и од повеќе кривичари и јавни обвинители. Иако Јанева две недели одбиваше да одговори дали записник е составен на 30 декември, кога беа предадени шест кутии и еден надворешен хард диск од СДСМ, пред три дена самиот Заев јавно призна дека ваков документ не е составен и потпишан.

Јанева и вчера, по рочиштето за „Пуч“ не сакаше да одговори дали е направен пропуст коментирајќи дека прашањето е надвор од темата, иако претходно одговараше и на други прашања надвор од оние за „Пуч“.

Според членот 68 од Законот за јавното обвинителство, јавен обвинител се разрешува од функцијата: поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршењето на функцијата јавен обвинител пропишана со закон и поради нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител под услови утврдени со закон. Постапката се покренува во рок од 30 дена од дознавањето, но не подолго од две години од денот кога повредата е сторена.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.