Раст на прометот на индустријата и на домашниот и на странскиот пазар

Раст на прометот на индустријата од 10,9 отсто е забележани во ноември 2015., во однос на истиот месец во 2014. година.

Забележан е раст на прометот на индустријата на домашниот пазар од 4,2 отсто во ноември минатата година во однос на прометот во ноември 2014., додека пак порастот остварен на странските пазари изнесува 12,7 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во ноември 2015  година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст од 13,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,9 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,3 отсто, Капитални производи за 26,8 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 98,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.