1.272 повици на Ало докторе за една недела

За една недела регистрирани 1.272 повици на телефонската линија за медицински  совет Ало докторе.

Вкупно 72.062 повици од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  АЛО ДОКТОРЕ !

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

25  доктори  вкупно   се достапни за медицински совет. Повиците се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто   за  респираторни симптоми ,покачен крвен притисок,  покачена телесна температура , вирози  и кашлици  од  ниските температури .

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.