Ако Германија и Австрија ги затворат границите за беглци, тоа ќе го стори и Словенија

Австрија дневно ќе прима само 3.200 бегалци
Австрија дневно ќе прима само 3.200 бегалци

Љубљана е подготвена да ги следи Германија и Австрија и да воведе рестрикции за мигрантите. Ако Австрија и Германија воведат ограничувања за прием на мигранти, Словенија ќе го стори истото. Ова се наведува во соопштението на словенечката влада, која беше објавена само час по изјавата на австрискиот канцелар за привремено запирање на Шенген договори од страна на Австрија.

Австрија во склад со шенгенските правила може да воведе контрола на своите граници со оцена дека настанале околности кои тоа го оправдуваат поради безбедносната состојба во земјата, но таква мерка е потребно да се најави на сите држави членки и на ЕК, се наведува во соопштението на владата на Словенија.

Во соопштението се наведува дека Словенија активно соработува во барањето решенија за европската мигрантска криза и сака заеднички одговор на европско ниво, но ќе преземе одлучни и доследни мерки ако дојде до загрозување на нејзинитенационални интереси и ако друга земја еднострано делува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.