Македонија

Какво време не очекува деновиве?

Какво време не очекува деновиве?

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на мраз и голомразица поради ниските утрински температури. Претпладне постојат услови за провејување на слаб снег, а попладне ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди.
Ќе дува силен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч.
Утринските температури од -10 до -1 Целзијусов степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до -7 односно до 2 Целзијусови степени.

Ладниот бран што ја зафати Македонија свој максимум ќе има во вторник и среда, кога не очекува многу студено време. Во вторник минималните температури од -16 до -9 Целлзијусови степени, а максималните од -7 до 1 Целзијусов степен.

Во среда утринските температури ќе се движат од -18 до -11 Целзијусови степени, а дневните од -6 до 2 Целзијусови степени.

Од четврток се очекува благ пораст на температурите, па дневните ќе се движат од -4 до 4 Целзијусови степени, а во петок ќе се искачат на максимални -3 односно 5 Цезијусови степени.

Во вторник, среда и четврток поради ниските температури се очекува да има појава на мраз и голомразица во утринските и во вечерните часови, затоа бидете внимателни.