четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 23

Груевски: Државата тргна одлучно да стави крај на кризата!

Цврстото стоење позади изборите кои беа договорени од страна на сите партии во Пржино е реарфирмација на нашата верба во демократијата, посочи Груевски.

Груевски: Државата тргна одлучно да стави крај на кризата - Ова започнува со изборите на 24 април!

Груевски: Државата тргна одлучно да стави крај на кризата - Ова започнува со изборите на 24 април!

Поврзани вести

Нашата држава тргна одлучно да стави крај на кризата, а тоа започнува на 24 април, премиерот Никола Груевски по средбата со лидерите на коалиционите партнери потврди дека следните парламентарни избори во земјава ќе се одржат на датумот договорен во Пржино.

Во продолжение интегрално изјавата на Груевски

Република Македонија мора да оди напред.

Веќе неколку денови, политичките лидери во Македонија водеа интензивни разговори. Државата и граѓаните предолго се заложници на една деструктивна политика која негативно влијаеше и се закануваше на секој план. Влогот беше огромен.

Дали граѓаните ќе продолжат да живеат во маглата на политичката криза? Или сето ова ќе го оставиме зад нас?

Дали ќе им дадеме можност на граѓаните да го одберат патот напред за нашата нација и држава?  Или ќе им дозволиме на политичарите кои со манипулации имаат за цел да ги парализираат состојбите да продолжат да не спречуваат да одиме напред ? Дали ќе продолжиме да се движиме храбро и одлучно како нација, работејќи на растот на економијата и нашите интереси на меѓународно ниво ? Или можеби ќе се исплашиме од предизвиците и можностите со кои се соочуваме ?

Договорот од јуни/јули беше постигнат за што е можно побрзо земјата да најде излез од сегашната ситуација. Предвремените парламентарни избори беа најдобриот излез на земјата од политичката криза.

Затоа четирите партии и во измените на Изборниот законик се согласија дека 24 април е оптималниот термин за избори. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА договорија и заедно изгласаа во собранието да има избори на 24ти април.

Денес почитувани граѓани со гордост ви соопштувам дека нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза и да напредуваме храбро кон иднината.

Ова започнува со изборите на 24-ти Април.

Цврстото стоење позади изборите кои беа договорени од страна на сите партии во Пржино е реарфирмација на нашата верба во демократијата.

Ова е реарфирмација на основното верување дека сета моќ на нашата Влада доаѓа од вас, од граѓаните.

Ова е реарфирмација дека единствениот начин да напредуваме како држава и нација лидерите да ја стават волјата на народот пред нивните сопствени амбиции и лични интереси.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија денеска се откажа од сите забелешки кои ги имаше во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список предложена од страна на ДИК.

Партијата и коалицијата денеска целосно ја прифати предложената методологија за чие имплементирање, како што бевме информирани и ние и комесарот Хан – има и капацитети и време.

Двете институции најодговорни за спроведување на изборниот процес се во рацете на СДСМ. Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи раководено од страна на техничкиот назначениот министер Оливер Спасовски имаат капацитет да гарантираат фер и демократски избори.

Почитувани граѓани, време е да одиме напред.

За многу години од денес сите ние ќе може да погледнеме назад и да кажеме: „Ова беше денот кога заврши политичката криза.“

Тогаш ќе може и да погледнеме наназад и да кажеме: на 24-ти април народот го даде мандатот со кој нашата држава тргна одлучно по патот на нов просперитет, нови работни места, повисоките плати, меѓународен углед и политичка стабилност.

Од денес се јавува една нова светлина. Денес работите се променети. Дискусиите за одлуките повеќе не се помеѓу политичарите. Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денес зборува народот на оваа држава.

Пред вашите домови, на вашите работни места, во кафетерии и ресторани, насекаде во вашите места, ќе разменувате идеи меѓу себе за тоа каква држава сакаме да имаме, и како ќе ја направиме подобро место за живеење за сите нас.

Вие одлучувате, вие одлучувате за националните приоритети и за националните интереси за државните интереси.

Бидејќи во демократијата тоа е единствено ваш избор.

Драги пријатели, со нетрпение чекам да се видиме, да ги слушнам вашите идеи и да ви ги кажам моите идеи за тоа како можеме нашата татковина која сите ја сакаме да продолжиме да ја движиме напред кон подобра иднина.

Со нетрпение го чекам моментот кога уште еднаш ќе докажеме, дека најмудрото нешто кое што може да го направиме за нашата држава, е да му дадеме на народот моќ да одлучува.

Најчитани вести