Македонија

Ѓорчев: СДСМ и Заев сакаат состојба на трајна политичка криза

Ѓорчев: СДСМ и Заев сакаат состојба на трајна политичка криза
Ѓорчев: СДСМ и Заев сакаат состојба на трајна политичка криза
Овој парламент во овој момент е исправен пред одлуката за распуштање на законодавниот дом на македонската држава, истакна пратеникот Влатко Ѓорчев.

Тој додаде дека ова е потребно да се направи, бидејќи како што рече, созреани се условите за тоа.

-Ова треба да се направи бидејќи е волја и мислење на огромното мнозинство на граѓани на Македонија. Ова Собрание треба да се распушти затоа што убедливото и огромното мнозинство на пратеници во Собранието преку своите потписи го побараа тоа. Тоа барање е благодарение на тоа што треба да заврши агонијата, да заврши кризата. Кризата не може и не треба да биде трајна состојба. Политичата криза може да трае месец, два, три или пет, но таа никако не треба да биде трајна состојба која ќе трае една година, две години. Свесни сме, чувствуваме и констатираме дека има една политичка партија СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев кој со сите сили се обидува да ја одржи состојбата на трајна политичка криза. Тоа не е добро за државата, за граѓаните, за вкупните состојби, за економијата. Од тие причини овој парламент треба да гласа за свое распуштање, да се подвлече линијата, да се излезе на избори да се провери легитимитетот, да се довери истиот и потоа ова собрание да носи одлуки, истакна Ѓорчев кој ја образожи предлог одлуката за распуштање на Собранието.

Тој додаде политиката, поради кризата во Македонија, станала пречка за економијата наместо да биде нејзин промотор.

-Политиката стана, благодарени на кризата, место на конфронтации, обвинувања и антидржавно однесување, а не место каде ќе се натпреваруваме за подобри идеи, ќе се продуцира стабилност и ќе се нивелираат разликите, посочи Ѓорчев.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека дојдено е време каде ќе треба да гласаат граѓаните на Република Македонија, каде ќе треба да се направи сумарниор извештај од оваа криза.