Димовски: Оваа одлука ќе донесе стабилност и окончување на политичката криза (ВИДЕО)

Димовски: Ова е одлука ќе донесе стабилност и окончување на политичката криза
Димовски: Ова е одлука ќе донесе стабилност и окончување на политичката криза

Пратеникот Илија Димовски во својата реплика упатена до пратеничката Лилјана Поповска расчисти неколку дилеми кои неколкуте присутни пратеници на опозицијата ги отворија во текот на дебатата на денешната седница на Собранието на Мепублика Македонија.

Димовски истакна дека оваа одлука не се носи случајно. За неа се направени сериозни анализи и консултации. Оваа одлука е во насока на воспоставување на стабилност во државата, она што и граѓанитте го бараат, но ова не го бараат само граѓаните туку и многу посериозни фактори надвор од Република Македонија, имајќи ги предвид со какви предизвици ќе се соочуваме следната година, а поврзани со мигрантската криза.

Илија Димовски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со регулацијата на медиумскиот простор.

Околу медиумите би сакал да ви посочам дека со измените на изборниот законик, ние комплетно го регулиравме периодот од распуштање на парлементот до одржување на избори со сите прифатени забелешки онака како што опозицијата ги бараше. Значи има гаранција дека на медиумите ќе има адекватна застапеност на сите политички партии, ќе имаат пристап како на јавниот државен сервис така и на приватните телевизии. Значи постојат законски гаранции кои се усогласени со опозицијата и беа прифатливи за меѓународната заедница. Сето она што ќе значи подобрување на медиумската клима во државата, а го има како искуство во било која европска држава, ние сме спремни да го ставиме на маса и да го разговараме, па дури и да го имплементираме. Но тоа мора да биде во рамки на искуствата кои постојат во Европската Унија- рече Димовски.

Околу дилемата која Лилјана Поповска ја постави за злоупотребата на мобилни телефони во процесот на гласање, Илија Димовски  потенцира дека тоа е кривично дело и секој оној што ќе се фати во таква ситуација ќе одговара по кривичниот законик на Република Македонија.

Последно околу правото на глас. Да ја расчистиме таа дилема. Право на глас се добива врз база на Устав, а Уставот гарантира право на глас на сите државјани на Република Македонија. Постои еден регистар на државјани на Република македонија којшто го води МВР. Во тој регистар на државјани на Република Македонија не се ни 1.800.000 ни 1.900.000 ни 2.000.000 туку нешто над 2,4 милиони државјани на РМ. Избирачкиот список се прави врз основа на тој список. Затоа дилемата која што се појавува е непотребна, затоа што основ за право на глас е државјанство- рече Илија Димовски.

На крајот пратеникот Димовски упати апел до сите претставници на меѓународната заедница е да го триплираат бројот на набљудувачи кои ќе бидат присутни на овие избори со цел да не се стави во сомнеж изборниот процес.