СДСМ нема да учествува на избори на 24 април

Само еден час траеше седницата на Извршниот одбор на СДСМ на кој се донесе одлуката за тоа дека партијата нема да учествува на предвремените парламентарни избори на 24 aприл. СДСМ утре ќе ги соопшти деталите како ќе делува понатаму.

Денеска СДСМ соопшти дека и натаму ќе работи на тоа да имаме фер и демократски избори.

СДСМ ќе продолжи да се бори за создавање на фер и демократски услови за одржување на изборите со сите демократски средства што му стојат на располагање.Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино. Согласно Договорот од Пржино, регулацијата на медиумите требаше да заврши на крајот на август 2015 година. Дополнително, изборот на ДИК власта во заминување го кочеше цели пет месеци, за да не се прочисти Избирачкиот список“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Вечерва не е соопштено што ќе прават техничките министри на СДСМ во Владата (министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика), дали ќе останат и во кабинетот на новиот премиер Емил Димитриев.

Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.

Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста, се вели во соопштението на СДСМ.