Димитриев: Да покажеме дека Македонија, не само географски, туку и цивилизациски и култоролошки припаѓа на Европа

Димитриев: Да покажеме дека Македонија, не само географски, туку и цивилизациски и култоролошки припаѓа на Европа
Димитриев: Да покажеме дека Македонија, не само географски, туку и цивилизациски и култоролошки припаѓа на Европа
Да дадеме нов ветар во грбот на македонските европски и евроатлански интеграции, покажувајќи пред сите, дека ние Македонците, Албанците Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците имаме капацитет, знаење, потенцијал, вештини, сила, мудрост да ги решаваме предизвиците, дека не само што имаме државотворен капацитет туку имаме и знаење тој капацитет постојано и постојано да го покажуваме и надградуваме со нови вредности.

Да покажеме дека Македонија, не само географски, туку и цивилизациски и култоролошки припаѓа и и’ е потребна на Европа, порача вечерва од говорницата во Собранието, привремениот премиер за организирање на изборите, Емил Димитриев.

-Тоа ќе зависи од сите нас, од пратениците, членовите на владата, политичките партии, граѓанското општество, медиумите, сите општествени чинители, и пред се ќе зависи од нашата посветеност, чувство за историскиот миг и одлуките кои се потребни да се донесат од нашиот одговорен пристап и од нашите заложби секогаш и секаде, без исклучок да дејствуваме во најдобар интерес на нашите граѓани, рече Димитриев.

Јас верувам дека ние тоа го можеме, додаде Димитриев, верувам дека ние знаеме и како, и зошто дејствуваме, а одговорот е еден, заради Македонија, бидејќи Македонија е нашата татковина, и сега ние треба да возвратиме на најдобар можен начин.