Обрван: Имаме доволно мотиви за да одиграме уште еден добар натпревар

Имаме доволно мотиви за да одиграме уште еден добар натпревар, па ако даде Бог, конечно да победиме и да се пласираме во вториот круг.

Ова го изјави селекторот на нашата машка ракометна репрезентација Ивица Обрван, по пропуштената шанса во дуелот со Полска и претрпениот втор пораз на Европското првенство, селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван верува во своите избраници, дека се кадарни во клучниот меч со Србија, да го одиграат најдоброто.

Изигравме два тешки, исцрпувачки натпревари со Франција и Полска. Доаѓа третиот. Но, мислам дека ќе имаме сила да го одиграме како што треба. Србите против Франција играа до 40-тата минута, потоа се исклучија. Кај нас не беше така, повеќе се исцрпивме, но со причина, бркавме бод против Полска. Се надевам дека ќе се регенерираме. Имаме доволно мотиви за да одиграме уште еден добар натпревар, па ако даде Бог, конечно да победиме и да се пласираме во вториот круг, изјави селекторот Обрван.

Македонија и Србија во попладневниот меч кој ќе започне од 18 часот и 15 минути, влегуваат без освоен бод во „А“ групата. Двете репрезентации имаат по два пораза, но нашата селекција има подобра гол-разлика, што пак на црвено-жолтите им дозволува да се радуваат и на нерешен резултат кој би го донел посакуваното трето место во групата, а со тоа и пласман во следната фаза на првенството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.