„Курир“: СДСМ продолжува да сее омраза кон дијаспората

„Курир“: СДСМ продолжува да сее омраза кон дијаспората
„Курир“: СДСМ продолжува да сее омраза кон дијаспората
Откако сакаа да и го одземат правото на македонската дијаспора да гласа, СДСМ продолжува да сее омраза кој нашинците кои живеат во странство. Заменичката на Зоран Заев, Радмила Шекеринска денес во својата изјава даде критика за тоа што Македонците од дијаспората добивале македонско државјанство. Со ова СДСМ освен омраза покажува елементарно непознавање на прописите, пишува „Курир“.

Шекеринска вели дека овие луѓе кои добиваат државјанство без да ги задоволат законските услови, што не е точно и е во голема мера навредливо за Македонците од дијаспората.

Државата има дискреционо право да одлучува за своите национални приоритети. Она што Владата го направи е што донесе одлика дека Македонците од дијаспората се национален приоритет.

Ниту Радмила Шекеринска, ниту Зоран Заев, ниту Катица Јанева, никој нема право да го ограничуваат тоа.

СДСМ продолжува да сее омраза кон нашинците од дијаспората.

makedonsko zname

ПАНДОВ: СДСМ е антимакедонска и антидржавна партија

Следејќи ги информациите кој доаѓаат од преговорите станува јасно дека СДСМ е дефинитивно антимакедонска и антидржавна партија. Претпоставувам дека покрај целата дијаспора не постои ниту еден Македонец, освен овие од раководството на СДСМ, кој се противи на можноста македонските граѓани кој се на привремена работа во странство да гласаат, смета политичкиот аналитичар Александар Пандов.

Тој овој коментар го даде во месец октомври додека опозицијата бараше дијаспората да не може да одлучува на избори.

-Свесни ли се Заев, Шеќеринска и лузерите со кој се опкружени дека можноста да имаат свои избрани претставници во парламентот е еден од главните мостови помеѓу Македонија и нашата дијаспора. Факт е дека и во минатото, но и во последниве 25 години голем број на македонски граѓани заминаа во туѓина барајќи работа и поголема финансиска сигурност. Но уште поголем факт е дека сите тие ја користат секоја можност да дојдат во својата татковина и во разговор со секој од нив можеме да слушнеме дека нивна најголема желба е еден ден да се вратат во Македонија. Треба ли да се потсетува дека огромни суми на девизи секојдневно се испраќаат од истите на своите роднини. Тогаш се ок, а за гласање не се!? , рече аналитичарот Александар Пандов.