недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 3

„Курир“: Пендаровски не знае дека по 17-ти доаѓа 18-ти мај

Јавноста сѐ уште го памети сценариото кое СДСМ го спроведе во мај минатата година. Протестите резултираа со насилство низ улиците, десетина повредени полициски службеници, повредени медиумски работници, искршени простории на медиуми, оштетена опрема и возила на припадниците на безбедносните полициски единици.

„Курир“: Пендаровски не знае дека по 17-ти доаѓа 18-ти мај

„Курир“: Пендаровски не знае дека по 17-ти доаѓа 18-ти мај

Последни вести

Наместо на избори, СДСМ ќе оди на протести, но нивниот претседателски кандидат кој доживеа вистинско фијаско на изборите, Стево Пендаровски очигледно не знае дека по 17-ти доаѓа 18-ти мај.

Професорот Стево Пендаровски, кој беше кандидат на СДСМ на претседателските избори наместо со моќта на перото, се заканува со протести.

-Изгледа дека новиот 17-ти мај доаѓа! „Граѓаните за Македонија“ во коалиција „За спас на Македонија“, напиша Пендаровски на својот Твитер профил.

pendarovski

Ваквите изјави го отвораат сомнежот дали наместо прифаќање на избори и разрешување на политичката криза во која СДСМ ја внесе земјата, партијата размислува за спроведување на нови црни сценарија за Македонија.

Јавноста сѐ уште го памети сценариото кое СДСМ го спроведе во мај минатата година. Протестите резултираа со насилство низ улиците, десетина повредени полициски службеници, повредени медиумски работници, искршени простории на медиуми, оштетена опрема и возила на припадниците на безбедносните полициски единици.

Граѓаните ги паметат и фотографиите кои ги објавуваа медиумите каде членови на СДСМ во партиските простории вежбаат со палки.

Вакво ли сценарио повторно подготвува СДСМ, за ваков ли 17-ти мај говори Пендаровски?

Најчитани вести