Црквата Св. Јован Крстител ќе добие крстилница

Црквата Св. Јован Крстител ќе добие крстилница
Црквата Св. Јован Крстител ќе добие крстилница

Денеска ќе биде поставен камен темелникот на новата крстилница која што треба да биде изградена во рамки на црквата Свети Јован Крстител, во општина Аеродром. На свеченоста се очекуваат високи претставници на локалните и државни институции, а чинот на осветувањето ќе го направи неговото Блаженсво, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Крстилницата ќе функционира во рамки на Новиот православен храм Свети Јован Крстител, изграден со донација на градежната компанија Адора Инженеринг и ктиторот Ванчо Чифлиганец кој што беше пуштен во употреба пред две години.

Донатор на новата крстилница е компанијата АДОРА заедно со Македонската православа црква.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.