петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 21

Се воведува трепкаво зелено светло на крстосниците во Скопје

Трепкавото зелено светло се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

Се воведува трепкаво зелено светло на крстосниците во Скопје

Се воведува трепкаво зелено светло на крстосниците во Скопје

Последни вести

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре ќе почне воведувањето на трепкаво зелено светло на светлосните сигнали на крстосниците на подрачјето на Град Скопје, во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во наредните петнаесетина дена трепкаво зелено светло ќе се воведе на сите семафори во Скопје, а на терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Според Законот, трепкавото зелено светло  се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје.

Се потсетуваат возачите дека во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, a да не го поминат тој знак.

Се молат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат жолтото светло и да ги поминуваат крстосниците исклучиво на зелено светло.

 

Најчитани вести