Задолжително осигурување на мигрантите во Грција

Задолжително осигурување на мигрантите во Грција
Задолжително осигурување на мигрантите во Грција

Грчката Влада ќе воведе нов начин на плаќање и задолжително осигурување на мигрантите кои работат во земјоделскиот сектор, за да се стави крај на работата „на црно“.

Според грчките весници, Владата на Ципрас изготвува закон за борба против непријавена работа, за која е пресметано дека има приходи од една милијарда евра. Според законот, работодавачите задолжително ќе треба да ги осигураат мигрантите во земјоделскиот фонд ОГА, дури и ако тие се нелегални. Социјалните придонеси за мигрантите ќе бидат фиксни на 10 проценти од платата.

Се очекува овие осигурување да донесат 100 милиони евра во земјоделскиот фонд. Со законот се предвидуваат и казни за непријавени работници. Казните ќе се движат до 10.500 евра.