Вооружен грабеж во скопско казино

Вооружен грабеж во скопско казино
Вооружен грабеж во скопско казино

Непознат сторител вчера, околу 20.30 часот, вооружен влегол во казиното „Сенатор“, на  булеварот Партизански Одреди и извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 150.000 денари. Веднаш  потоа го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.