вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 53

Германија најдобро место за живеење во светот

germanija

Последни вести

Германија е најдобра земја за живеење, покажува најновиот извештај подготвен од страна на американскиот магазин „News & World“.

На второто и третото место се Канада и Велика Британија, а САД е на четврто место во студијата која што е објавена за време на „Светскиот економски форум“ во Давос.

Најголемите причини за првото место на Германија на листата е силната економија и влијанието на светските прашања како што е бегалската криза и единството во Еврозоната. Германија е посилна и во категоријата претприемништво во која САД со децении се сметаат за најдобри.

 

Во испитувањето се опфатени 60 земји, а истражувани се 24 критериуми како моќ, одржливост и економско влијание. Свои ставови за прашањата дале повеќе од 16,200 бизнис лидери, информирана елита и граѓани.

Најчитани вести