Уапсени 24 економски бегалци

Дваесет и четири економски бегалци од блискиот Исток и Африка се откриени вчера во земјава и  се приведени.

Првата група од 12 бегалци се откриени на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, додека втората група е откриена кога албанскиот државјанин Е.А. од Корча, со своето товарно комбе превезувал 12 бегалци од Гевгелија кон Куманово.