Турски учители осомничени за терористичка пропаганда

Властите во Турција покренаа истрага против седум учители во југоисточна Турција за терористичка пропаганда.

Учителите од градот Сиверек, округ Шанлурфа се осомничени дека пропагирале во корист на Курдската работничка партија (ПКК) на социјалните мрежи.

Генералштабот на турската армија синоќа соопшти дека во антитерористичка операција на безбедносните сили во југоисточна Анадолија, што почна во декември, убиени се над 600 припадници на ПКК.