понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 62

Бејли: Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите

САД ќе го набљудува напредокот на овој процес и ќе направиме наши проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и други тела – се наведува во изјавата на амбасадорот Бејли.

Бејли: Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите

Бејли: Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите

Поврзани вести

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, на фејсбук профилот на Американската амбасада ги повика сите партии и организации да учествуваат на изборите.

Бејли смета дека оставката на премиерот е важна пресвртница во тој процес, исто како и кредибилните избори.

 Ќе продолжиме да ја поддржуваме подготовката на избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во медиумската сфера и на други места. Времето е кратко. Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. САД ќе го набљудува напредокот на овој процес и ќе направиме наши проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и други тела – се наведува во изјавата на амбасадорот Бејли.

amerikanska-ambasada-fb

Најчитани вести