четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Членките на НАТО бараат одржување состанок на Советот НАТО-Русија

Црна Гора ќе стане членка на НАТО на Самитот во Варшава?

Црна Гора ќе стане членка на НАТО на Самитот во Варшава?

Последни вести

Земјите од Северноатлантската алијанса сакаат да ја поканаат Москва кон крајот на февруари или почетокот на март на дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија, кој не е свикан повеќе од 20 месеци поради кризата во Украина, изјавија дипломати.

Се очекува на седницата да учествуваат постојаните претставници на 28-те земји-членки од НАТО и постојаниот претставник на Русија во Алијансата, Александар Грушко.

– Седницата нема да се одржи пред средбата на министрите за одбрана на земјите од НАТО, закажана за 10 и 11 февруари во Брисел и најверојатно ќе се одржи кон крајот на февруари или почетокот на март, изјави дипломатски извор, пренесува МИА.

– Доколку Русија прифати, ќе треба со неа да го договориме дневниот ред. Украина ќе биде една од темите, додаде тој.

Според други дипломати меѓу темите ќе биде прекинот на воздушните инциденти, особено на турско-сириската граница, како и прашањето за транспарентноста на воените вежби, организирани од Русија.

Најчитани вести