„Курир“: Заев со помош на Катица Јанева сака да ги одложува изборите

„Курир“: Заев со помош на Катица Јанева сака да ги одложува изборите
„Курир“: Заев со помош на Катица Јанева сака да ги одложува изборите
Заев ги убедувал членовите на Централниот одбор и коалиционите партнери, со помош на специјалната обвинителка Катица Јанева да се одложат изборите, пишува „Курир“.

Според извори на порталот, на партискиот состанок одржан од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, присуствувале сите коалициони партнери, кои за првпат присуствувале на ваков состанок со Ценатралниот одбор.

Неговиот план, бил со конструкции и пријави во координација со Јанева да создадат ситуација која би била погодна за одложување на изборите.

Изворите од опозициската партија пренесуваат дека најголем дел од членовите на ЦО се чуделе на овој чин, но поради видната нервоза и агресивност на партискиот лидер, молчеле од страв. Тоа потврдува дека истите се свесни за фактот дека специјалната обвинителка Јанева нема никаква врска со можноста за одложување на изборите и дека што и да прави таа, нема да се одрази ни на резултатот, ни на датумот на избори.

Најголемиот дел од членовите на ЦО на СДСМ на Заев гледале како на очајник кој се обидува да ги храбри и да си создаде алиби за потезите кои го доведоа СДСМ до ситуација како пред катастрофалниот пораз во 2014 година.

Исто така, тие велат дека секоја дискусија на лојалистите на Заев, кои биле задолжени да ги правдаат деструктивните постапки на нивниот лидер, била очигледно синхронизирана, како и тоа дека сите биле зачудени од фактот како партискиот портпарол Петре Шилегов објавил заклучоци пред почетокот на ЦО уште пред тие да се донесат. Ова јасно укажува на недемократскиот амбиент во кој се носат таму одлуките, како и на способноста на опозицискиот лидер да нарави се што е во негова моќ за да ги  избегне изборите или, пак, да добие нивно одложување,  пишува „Курир“.