понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 45

Бајден во посета на Истанбул

bajden

Последни вести

Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна синоќа од Давос во важна посета на Истанбул.

Бајден ќе се сретне со премиерот Ахмет Давутоглу и со претседателот Реџеп Таип Ердоган, а утре ќе има средби со граѓански организации.

Главна тема на разговорите на Бајден со турските лидери се очекува да биде борбата против џихадистичката група „Исламска држава“ во Ирак и во Сирија. Најважното прашање за време на разговорите ќе бидат дејствијата на Русија во Сирија, наведува весникот.

Пораките, упатени од САД во врска со дејствијата на Русија во Сирија, уште повеќе го засилија меѓународниот интерес кон посетата на Бајден на Истанбул, пишува „Милиет“.

Весникот го цитира американскиот министер за одбрана Ештон Картер, кој во Париз изјави дека Русија прави погрешен стратегиски чекор во Сирија.

Во врска со посетата на Бајден на Истанбул, ќе бидат преземени зајакнати мерки за безбедност, најмногу во квартот Бешикташ, каде се наоѓа хотелот „Конрад“, во кој ќе престојува Бајден. Улиците во реонот ќе бидат затворени за движење.

Најчитани вести