„Газпром“ и „Саут стрим транспорт“ потпишаа спогодба за доверливост за „Турски поток“

„Газпром“ и „Саут стрим транспорт“ потпишаа спогодба за доверливост за „Турски поток“
„Газпром“ и „Саут стрим транспорт“ потпишаа спогодба за доверливост за „Турски поток“

Руски „Газпром“ и компанијата „Саут стрим транспорт“ (South Stream Transport B.V.) потпишале спогодба за конфиденцијалност (доверливост) за реализација на проектот за изградба на морскиот гасовод од Русија до Турција преку Црно Море, пренесе ТАСС.

„Советот на директори на ’Газпром’ одлучи да ја гарантира заштитата на добиените взаемни информации, што претставува трговска тајна, при реализација на проектот за изградба на морскиот гасовод од Русија до Турција преку Црно Море“, се посочува во коминикето на рускиот гасен концерн.

Во него се забележува дека спогодбата ќе има рок на важност до 2021 година.

„Газпром“ вчера соопшти дека го прекинува договорот за проектот „Јужен поток“. Советот на директори на „Газпром“ одобри склучување на спогодба со проектната компанија „Саут стрим транспорт“ за прекин на дејствијата од договорот за порачки во однос на обврските за „Газпром експорт“, според спогодбата за транспорт на гас од 2 октомври 2013 година.

„Саут стрим транспорт“ се согласила да го ослободи „Газпром“ од реализацијата на сите обврски од договорот за порачка во однос на обврските на „Газпром експорт“ и да го прекине договорот за порачка.

„Саут стрим транспорт“ беше фпрмирана за изградба на морскиот дел од проектот „јужен поток“, но по одлуката на „Газпром“ да го прекине овој проект рускиот монопол ги купи уделите од италијанската „Ени“ (Eni), француската „ЕдФ“ (EdF) и германската „Винтерсхал“ (Wintershall) во овој проект. Имаше претпоставка дека дел од активите на „Саут стрим транспорт“ можат да бидат искористени при изградбата на „Турски поток“.

Гасоводот „Јужен поток“, вреден 15,5 милијарди евра, требаше во Европа годишно да испорачува 67 милијарди кубни метри гас.