недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 49

„Повратник“ премиерно вечерва во кино Милениум

Филмот е снимен според вистинита приказна сместена од 1820 година

„Повратник“ премиерно вечерва во кино Милениум

„Повратник“ премиерно вечерва во кино Милениум

Поврзани вести

Филмот кој е годинашниот освојувач на наградата „Златен Глобус“ и е главен фаворит за освојување на наградата „Оскар“ во неколку категории вечер ќе го има премиерното прикажување во кино Милениум.

ПОВРАТНИК (THE REVENANT), на одличниот Alejandro González Iñárritu, со фантастична актерска екипа предводена од несомнено актерот број еден во моментов Leonardo Di Caprio, дополнета со убедливите Tom Hardy, Domhnall Gleeson, Will Poulter, Paul Anderson во главните улоги, од денеска на репертоарот на кино Милениум.

 

Филмот е снимен според вистинита приказна сместена од 1820 година. Додека ја истражува недопрената природа, легендарниот истражувач, Хју Глас ќе биде нападнат од мечка и ќе се здобие со тешки повреди. Неговиот тим ќе се обиде да го спаси, но, носејќи го во лежалка низ непроодните планински патеки, сфаќаат дека со него само заостануваат. По една кавга, тимот ќе се подели, а Џон Фицџералд решава да го остави Глас во шумата. Длабоко разочаран, неподвижен, изнемоштен и со желба за одмазда, Глас трага низ немилосрдната дивина, барајќи го Фицџералд, човекот што го изневери и напушти.

Најчитани вести