недела, 27 ноември 2016  |  Вести денес: 0

ММФ ќе учествува во спасувачката програма за Грција

Aleksis Cipras

Последни вести

Атина го прифаќа инсистирање на европските партнери дека ММФ треба да игра улога во следењето на спасувачката програма на земјата, изјави денеска грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Ципрас за време на дискусијата во рамките на Светскиот економски форум во Давос, на која учествуваше и германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, изјави дека Грција смета оти ЕУ би можела да се справи сама со програмата, но дека Атина го прифатила барањето на останатите партнери да учествува и ММФ.

– Имаше долга дебата, слушнавме различни гледишта. Некои партнери побараа ММФ да биде вклучен и ние се согласивме, се со цел да постигнеме договор. Сега правиме се што можеме за да го примениме овој договор, истакна грчкиот премиер.

Шојбле изјави дека германскиот и други парламенти се согласиле да и помогнат на Грција под услов ММФ да остане ангажиран во програмата и оти доколку од Бундестагот било побарано да го промени договорот, би било „како да влезеш со запалена свеќа во соба полна со динамит“.

Најчитани вести