Над 70 отсто од лекарите кои биле на едукација во странство применуваат нови методи

Уште најмалку 1.000 здравствени работници ќе се едуцираат во странство

Најмалку 1.000 здравствени работници годинава ќе бидат испратени на едукација во странство. Eдукацијата на медицинскиот кадар во странство е уште една фундаметална мерка во насока на унапредување на здравствениот систем, со што овозможуваме и подостапни здравствени услуги за граѓаните, подобар квалитет на здравствените услуги, како и зајакнување на здравствената заштита на сите нивоа.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со Законот за медицински студии и континуирана медицинска едукација на лекарите и друг здравствен персонал, едукацијата на медицинскиот кадар во странство е предвидена како законска, трајна обврска на јавните здравствени установи на секундарно и терциерно ниво на здравствена заштита.

 Врз основа на оваа обврска и како операционализација на обврската, Министерството за здравство и за годинава подготвува Програма за едукација на лекари и медицински персонал, како Програма на Влада. Во 2015 година Министерството ја реализираше оваа обврска и во странство на едукација беа испратени 1.000 здравствени работници од кои 800 лекари и 200медицински сестри и останат медицински персонал, посочи Тодоров.

Почнувајќи од 2012 година, досега, потенцира министерот, се реализираа вкупно 2.084 едукации во странство на доктори, медицински сестри и останат здравствен персонал. Појасни дека една од примарните цели на овие едукации е зголемување на квалитетот на здравствената услуга, воведување на нови методи, намалување на компликациите, подобра организација во работата, како и пренесување на знаење и искуство од најсовремените здравствени системи и болници во Република Македонија.

Според него, со ова овозможуваат оптимална искористеност на новата, најсовремена медицинска опрема која континуирано се обезбедува за јавните здравствени установи во државата.

Една од најзначајните цели на овие едукации е воведувањето нови методи, и токму во таа насока Тодоров истакна дека над 70 отсто од докторите испратени на едукации во странство (од вкупно 1.269 испратени доктори досега на едукација), применуваат нови методи во своите матични установи, односно методи кои се нови за докторот што бил пратен на едукација, или се нови за установата во која што е вработен докторот.

Тодоров наведе неколку примери за нови методи воведени во јавните здравствени установи: На Институтот за белодробни заблувања кај децата Козле – воведени се две нови методи кои првпат се применуваат во болницата, а тоа се детска пулмоалергологија и полисомнографија, за кои докторите се едуцирале во врвната детска болница Бамбино Џезу во Рим.

Во Универзитетската клиника за државна кардиохирургија – воведени се повеќе нови методи и процедури, меѓу кои: