Над 70 отсто од лекарите кои биле на едукација во странство применуваат нови методи

аортокоронарен бајпас без употреба на машина за екстракорпорална циркулација (на срце кое работи, beating heart), тотална артериска реваскуларизација на коронарни крвни садови, минимално инвазивни кардиохируршки операции, операции на реконструкција на аортна валвула, итни минимално инвазивни операции кај пациенти со ендокардитис, операции на реконструкција на митралната валвула, рече Тодоров.

За овие методи, потенцира, докторите се едуцирани во болницата Триемли во Цирих, Швајцарија, како и во Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Дедиње.

Нагласи дека во Општата болница во Струмица воведени се три нови методи за болницата (артроскопија, колоноскопија и суптотална протеза на колк). За артроскопија реализирана е едукација на докторите во болницата LIV во Истанбул, Турција, а за суптотална протеза реализирана е едукација во болницата Токуда во Софија, а за колоноскопија реализирана е едукација во Клинички центар во Војводина.

Воведена е и нова метода, истакна министерот, за доктор, која ја има во болницата, но тој не ја имал совладано, а тоа е лапароскопска холецистектомија за што е реализирана негова обука во Клинички центар во Љубљана.

На Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство воведени се три нови методи меѓу кои ехо на срце кај новороденчиња (напредна фетална ехо кардиографија) за која тројца доктори од клиниката се едуцирани во реномираниот King’s College во Лондон. Доктори од оваа клиника се едуцирани во областа на акушерска анестезија, и тоа за користење лоу-флоу анестезија односно анестезија со ниски протоци на гасови, за што е реализирана едукација во болницата Флоренс Најтингел во Истанбул, рече Тодоров.

Третата метода за која се едуцирани доктори од оваа клиника, укажа, е гинеколошка онкохирургија, по спроведена едукација во Универзитетски клинички центар Хамбург – Епендорф, а еден доктор е едуциран и во An Arbour – Универзитет во Мичиген, САД.

 Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – има воведено три нови методи  – колоноскопија / гастроскопија (за која е реализирана едукација во Словенија), лапароскопска урологија (за која е реализирана едукација во Клиника во Нирнберг), fat grafting метода (за која е реализирана едукација во „Роналд Реган“ медицински центар во Лос Анџелес). Една докторка од Клиниката за радиотерапија и онкологија, по завршена едукација во реномираниот медицински центар во САД, Memorial Hermann – Texas Medical Center, на Клиниката има воведено нова метода за третман на тумори на дигестивен тракт и панкреас, посочи Тодоров.

Нагласи дека докторка од Универзитетската клиника за детски болести има завршено едукација од областа на детска неврологија и неврорехабилитација во Италија, во врвната педијатриска болница Бамбино Џезу, и има воведено нов тип на тестови за мускулна дистрофија, цистична фиброза и невромускулни болести на оваа клиника, а доктор од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби има воведено нова метода фиброскен, по завршена едукација во Клинички центар – Белград.

Станува збор за метода која првпат ја применува докторот, а воедно за првпат се применува во рамки на оваа клиника, со што се зголемува достапноста на здравствената услуга. Уште еден пример е нова метода воведена на Клиниката за нефрологија, која се состои од мапирање на крвни садови за креирање на крвни пристапи во областа на нефрологија, за што е обезбеден и колор доплер за континуирана примена на методата. Инаку, на Клиниката оваа метода е воведена по спроведена едукација на еден доктор во Клинички центар во Љубљана, рече Тодоров.