Македонија

Промовиран системот за автоматска локација на автобусите во ЈСП

Промовиран системот за автоматска локација на автобусите во ЈСП
Промовиран системот за автоматска локација на автобусите во ЈСП

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, денеска го промовираа функционирањето на Систем за автоматска локација на возила  од јавниот градски превоз.

Со воведувањето на овој модерен Системот за автоматска локација на возилата и електронска наплата Градот Скопје и неговите граѓани  ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Системот за електронска наплата веќе го промовиравме и тој успешнио функционира, а денеска  со директорот Јанушев го промовираме работењето на контролниот центар во кој се следат автобусите  во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, односно за секој автобус има една линија на која се следи неговото движење,  дали има доцнење или потреба од негова замена доколку има дефект. За реализација на овој проект Градот Скопје  и Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје  издвоија  околу 3 милиони евра и очекуваме со него да се намали потрошувачката на гориво и да се зголеми квалитетот на превозот што ќе придонесе и за зголемување на бројот на патници во автобусите. Како што веќе најавивме со воведувањето на електронската картичка  во автобусите на ЈСП ќе имаме и точна информација за бројот на патници на одредени линии и до колку има потреба ќе интервенираме за да им овозможиме на  граѓани  побрз и поквалитетен градски превоз, односно  редовен, сигурен и точен превоз, а од месец мај очекуваме  во овој систем да се вклучат и приватните превозници – истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, потенцираше  дека  овој најмодерен систем ќе им овозможни точна информација на граѓаните и ќе ја оптимизира работата на ЈСП, односно ќе придонесе за се подобар превоз на граѓаните.

AVL-centar (3)

Системот за автоматска локација  и електронска наплата  треба да биде инсталитан во 500  автобуси од јавниот градски превоз, во 385 на ЈСП  и во 115 автобуси на приватни превозници.

Овој систем претставува моќна алатка  за следење на  автобусите во реално време, запазување на пропишаните возни редови, како и овозможување на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот на градските улици, како и добивање реална слика за бројот на превезените патници по категории.

ЈСП СКОПЈЕ системот ќе може да го користи за димензионирање на превозните капацитети по линија, како и за автоматско генерирање на возните редови, а сево ова  во голема мера ќе придонесе за подигање на квалитетот на превозните услуги, зголемување на бројот на патници, како и зголемена наплата.

Со воведувањето на овој систем  патниците ќе имаат големи придобивки  поради навремено добивање информации поврзани со патувањето, односно на автобуските стојалишта ќе има 50 троредни информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување со користење исклучиво на јавниот превоз, како и бесплатна телефонска линија 0 800 115 за сите информации поврзани со јавниот превоз.

Преку системот ќе се врши  управување на возилата во мрежата на линии, контрола на работата на возачите и  спроведувањето на планираниот возен ред,  можност за навремено и ефективно реагирање од организаторот на превозот во непредвидени ситуации во сообраќајот и подигнување на нивото на безбедност на возачите и патниците.