Министерството за транспорт ќе обезбеди 100 општи акти за села кои немаат урбанистичка документација

Селата кои немаат урбанистичка документација се уште еден од предизвиците за кои денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, министрите и градочалниците разговараа во однос на мега проектот „Купи куќа за млади“.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, подвлече дека покрај проектот за типски населби, во Буџетот на министерството има средства за уште еден проект кој е од голема важност за општините.

-Министерството да направи околу 100 општи акти за селата. Тие од прилика се 200-300-500-800 евра. А ние можеме тоа да го направиме, но со повикот за типски населби, не можеме. Ние ќе ги идентификуваме сите барања, за општи акти за села и ќе направиме наш тендер, ние ќе ги направиме и ние ќе ги финансираме. Тоа значи дека заедно во координација со општините ќе направиме околу 100 локации за типски населби, каде што градоначалниците потоa ќе можат да отуѓуваат што е многу важно, подвлече Мисајловски.