Канческа – Милевска: Вложувањата во нашата култура ќе продолжат

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска попладнево присуствуваше на трибината која ВМРО-ДПМНЕ ја организираше во општина Петровец во рамки на кампањата „ На Македонија и треба твојата идеја “.

Таа истакна дека и во иднина ќе продолжат со вложувања во културата, како и сите планирнаи инвестиции. Додека дека интензивно ќе се работи и на нови проекти кои ќе бидат во интерес на сите граѓани, а потцети и на дел од досега спроведени проекти.

-Се воведе мерката „слободен четврток“ која се однесува и на пенионерите, и на студентите и на лицата со посебни потреби се со цел да посетат што повеќе музеи, повеќе библиотеки, културни манифестации. Водевме сметка за локалниот културен развој во поддршка на што повеќе културни манифестации, истакна Канческа Милевска.