Поранешен полицаец осуден на над 200 години затвор за силување афроамерикански жени

Поранешен полицаец белец беше осуден на 263 години затвор за силување на афроамерикански жени, јави ТАСС.

Пресудата беше издадена од судот во централната држава Оклахома.

Процесот против Даниел Холцклоу, што почна во ноември, привлече широко медиумско внимание, на прво место поради расниот контекст.

Поранешниот полицаец подложил на сексуално насилство вкупно 13 жени, сите афроамериканки.

Според властите полицаецот од Оклахома сити сексуално ги злоставувал жените, кои сите имале проблеми со законот, заплашувајќи ги дека во спротивен случај повторно ќе бидат судени.

Холцклоу бил отпуштен од полицијата во јануари минатата година, откако му биле покренати обвиненијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.