Познатите дами ја лажираат бременоста – децата им ги раѓаат сурогат мајки

Познатите дами ја лажираат бременоста - децата им ги раѓаат сурогат мајки
Познатите дами ја лажираат бременоста - децата им ги раѓаат сурогат мајки

Доктор од Лос Анџелес, Викен Шакиан, тврди дека многу познати дами никогаш не биле бремени и напоменува дека се повеќе такви познати личности доаѓаат кај него и се одлучуваат за сурогат мајка, за да ја зачуваат својата фигура.

Па, така, се одбираат совршено здрави жени на кои им плаќаат да ги носат и да ги раѓаат нивните деца и на тој начин се поштедуваат себе си од сите „маки“ кои ги носи бременоста. Тоа им овозможува да го сочуваат изгледот и да не прават паузи во кариерата, ако работата им зависи од совршениот изглед.

 

Многумина тврдат дека тие ја лажирале својата бременост
Многумина тврдат дека тие ја лажирале својата бременост

Доктор Шакиан кој за време на својата кариера донел на свет преку 3.000 бебиња и направил преку 6.000 ин витро оплодувања, вели дека имал многу познати клиенти кои се одлучиле за сурогат мајка. Тој одбил да наведе имиња, но истакнал дека некои од нив дури и ја лажирале бременоста, додека тајно имале сурогат мајка.