„Курир“: Дарко Алексов од МОСТ со исти ставови како на СДСМ

Директор на граѓанската асоцијација МОСТ или нов портпарол на СДСМ? Дарко Алексов деновиве настапува со тезите на Зоран Заев, а не ја врши работата за која е задолжен.

Неговата изјава дадена за изборите на 24-ти април е речиси идентична со онаа на опозицискиот лидер, пишува Курир.

– Во овој момент имаме минус 40 дена, дали ќе имало време, доколку не се пробиле роковите, може да шпекулираме. Да додадеме дека од денот на утврдување на методологија до денот на ставање на јавен увид на Избирачкиот список има 85 дена. А, сега нема да имаме ниту 35 дена, рече Алексов и потсети дека роковите беа политички поставени, но и дека самите партии кои преговараа ги пробија и своите рокови, што дополнително се одрази на изборното законодавство, рече Алексов, пренесе Телма.

Настапите на Алексов наликуваат како да се од фунција на портпарол на СДСМ, а не како претседател на организација која се претставува како неутрална и непартиска.  Јавноста која ја слушна оваа изјава сигурно помисли дека се ова зборови на Зоран Заев. Тој е единствениот од сите преговарачи од Пржино кој сите сили се обидува да го прекрши договорот од Пржино и бега од избори на 24-ти април.

Овој човек на изборниот ден своите настапи ги најавува како неутрални, а организацијата како набљудувачка. Но, последните јавни настапи на Алексов каде неговите ставови речиси во целост се поклопуваат со оние на СДСМ и лидерот Заев, отвора сериозен основ на сомнеж дека МОСТ е само уште организација финансирана од Соросовата фондација.

Во државава и од страна на меѓународната заедница, само Заев и директорот на МОСТ сметаат дека периодот до 24 април е краток за да се спроведе целосна и квалитетна проверка и прочистување на Избирачкиот список.