сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Црна Гора: Повлечени од продажба кукли „Маша“ што содржат опасна хемикалија

Oваа хемикалија е пронајдена во пластичната кукла „Маша“, сет пластични патчиња, музичка кукла, пластичната кукла диверсити фешн и во гумената играчка „бабл тојс“, сите со потекло од Кина.

Црна Гора: Повлечени од продажба кукли „Маша“ што содржат опасна хемикалија

Црна Гора: Повлечени од продажба кукли „Маша“ што содржат опасна хемикалија

Последни вести

Црногорските санитарни инспектори при контрола на безбедноста на пластични играчки кај пет пронајдоа хемикалија фталат над пропишаното ниво (0,1) отсто, која е ризична по здравјето на детето па затоа овие играчки се повлечени од продажба.

Концентрација повисока од дозволената од оваа хемикалија е пронајдена во пластичната кукла „Маша“, сет пластични патчиња, музичка кукла, пластичната кукла диверсити фешн и во гумената играчка „бабл тојс“, сите со потекло од Кина.

Оваа хемикалија може штетно да влијае на плодноста и плодот, го нарушува хормонскиот систем, а може да предизвика и алергии.

На пазарот се пронајдени 160 парчиња, а увозниците и дистрибутерите презедоа мерки за итно повлекување на производот од промет и враќање од страна на потрошувачите.

 

Најчитани вести