Русија ќе формира четири нови воени дивизии

Русија ќе формира четири нови воени дивизии
Русија ќе формира четири нови воени дивизии

Русија годинава ќе формира четири нови воени дивизии за да ги засили своите западни и источни региони, пренесоа денеска руските медиуми.

Руските медими, кои се повикуваат на повеќе официјални претставници во руското Министерство за одбрана, наведуваат дека дивизиите ќе претставуваат одговор на вежбите на НАТО, пренесува Танјуг.

Формирањето на овие дивизии е мерка што се презема како одговор на зголемениот интензитет на вежби меѓу земјите членки на НАТО, што неодамна беше забележан, изјави главниот комадант на руските копнени сили, Олег Салиуков, пренесоа руските меидуми.