Ќе се гради основно училиште во Капиштец

Ќе се гради основно училиште во Капиштец
Ќе се гради основно училиште во Капиштец

Советниците во Центар донесоа одлука за основање на ново општинско основно училиште „Капиштец”.

Таканаречената „школа-парк“ ќе се наоѓа во Капиштец, на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкијевиќ“ и ќе се простира на 10.600 м2, со планирана површина за градба на објектот од 3142 м2.

Училиштето ќе биде изградено со примена на современ архитектонски израз и високо-квалитетни материјали. Ќе се учи преку интерактивни табли, учениците ќе поседуваат таблети, поврзани со безжична интернет мрежа. Кабинетите ќе бидат опремени со најсовремена опрема, неопходна за квалитетно образование на децата. Греењето ќе биде подно и во секоја училница ќе има спроведено вода. Во зимски услови, водата во тоалетите ќе се грее преку топлопната мрежа, со што ќе се постигне идеална температура во просториите.

uciliste

uciliste 1

Ќе биде овозможен соодветен пристап на лица со посебни потреби, до и во внатрешноста на објектот. Ќе има заштитна тампон зона меѓу влезот во училиштето и околните сообраќајници, со обезбеден паркинг за посетителите и родителите.