Кристиан Диор: Модниот волшебник кој ја пробуди женственоста

Кристиан Диор се прославил со големиот талент и сенс за дизајн, поради што и денеска претставува едно од најголемите имиња во светот на модата.

Тој е роден на 21. јануари 1905. година во Франција. Неговото семејство се надевало дека еден ден Кристиан ќе стане дипломат, па го насочиле кон политичките студии. Но, Кристиан бил уметник во душата. За среќа на сите љубители на модата, тој се откажал од студиите и се посветил на создавањето на незаборавни креации, а модата ја претворил во уметност.

Модната кариера на Кристиан Диор започнала во 1937. година, кога се вработил кај Роберт Пигет, кој го научил на дизајнерскиот занает. Десет години подоцна, Кристиан основал сопствена модна куќа.

Својата прва колекција ја претставил на 12. февруари 1947 година. Оваа колекција го означила почетокот на вистинската модна револуција.

Од денешна перспектива се работи за прилично конзервативен моден правец, меѓутоа во тоа време нагласувањето на женските облини било помалку шокантно, бидејќи во светот на женската мода доминирале „машкоданести“ кројки.

Креациите на Диор истовремено наишле и на позитивни и на негативни коментари.

За кратко време Диор станал еден од најценетите модни дизајнери, кој ги облекувал славните диви…

Денешните ѕвезди со задоволство ги носат моделите од скорешните колкции на оваа модна куќа, но за посебни свечености носат и парчиња изработени пред неколку децении.

Кристиан Диор починал ненадејно во 1957. година, на педесет и тригодишна возраст.