петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

ФОТО: Замрзна Смоларскиот водопад

smolarski

Последни вести

Смоларскиот водопад замрзна, објави денеска порталот „Струмица денес“. Тие добиле фотографии од читател на кои се гледа дека под замрзнатиод водопад има вода која тече со слаб интензитет.

Смоларскиот водопад е сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река.

На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

ФОТО: „Струмица денес“

Најчитани вести