Кофинансирање на каматите за одобрените ИПАРД инвестиции

Кофинансирање на каматите за одобрените ИПАРД инвестиции
Кофинансирање на каматите за одобрените ИПАРД инвестиции
Кофинансирање на каматите за одобрените инвестиции од ИПАРД Програмата, е новата мерка што ќе почне да се реализира годинава, покрај постоечките за поддршка на млади лица за почнување земјоделска дејност, за подигнување нови повеќегодишни насади, за набавка на добиток, пчелни матици и опрема, за системи за наводнување капка по капка,…

Субвенцијата е 50 проценти од висината на каматната стапка на годишно ниво.

– Оваа мерка ќе се спроведе по донесувањето на соодветниот правилник кој е во фаза на подготовка. Земјоделците, по склучувањето на договорот за кредит со банките, до Платежната агенција треба да достават барање со документација за исполнетост на условите, објаснуваат од МЗШВ.