Ванковска: Пресудата на Стразбур покажа дека семејството на Мартин Нешковски е манипулирано

Не знам кој адвокат ја натерал кутрата мајка да оди до Стразбур да бара правда, кога и овде пресудата е сосема очекувана и објективна: Судот не може да навлезе во политички околности, бомби и озборувања, туку видел факти: сторителот брзо изведен пред суд и казнет со висока казна. Крај на приказната! И ова покажува дека случајот беше намерно подгреван (со бомбите и со 5 мај), семејството користено како паричка за поткусурување, па уште и ако некој адвокат се офајдил од луѓево – тогаш трагедијата е комплетна, напиша Ванковска на својот Фејсбук профил.

vankovska-fb

Во однос на пресудата која се однесуваше на жалбата на Трендафил Ивановски, Ванковска смета дека Томе Аџиев е во право кога вели дека ЕСЧП не го оспорил фактот дека Трендафил Ивановски бил соработник, туку дека пресудата ја донел поради тоа што не добил правично судење.

-Судот не навлегува во материјална расправа околу основата по која е лустриран Ивановски, туку ги проценил процедуралните аспекти. Постапката за лустрација беше заснована на неуставен закон (кој не гарантираше ниту презумпција на невиност, ниту право на жалба), па оттука и пресудата на Судот е очекувана и правична, напиша Ванковска.